Фановите на Веспрем знаат кој е најдобар: Манасков број 1 во сезоната за заборав

Секоја година екипата на Веспрем им дава можност на своите навивачи да го изберат најдобриот играч во сезоната, а на годинешното гласање најмногу гласови за најдобар играч за сезоната 2017/18 доби нашиот репрезентативец, Дејан Манасков.

Претходната сезона беше за заборав за играчите на унгарскиот великан откако не успеаја да постигнат успех во Лигата на шампионите, но по се изгледа е одлична за Манасков кој успеа да постигне 118 голови на 35 натпревари.

Со оглед на тоа какви великани ја освоиле оваа награда во претходните сезони ова е голем успех за левокрилниот репрезентативец кој во својата прва сезона во тимот дојде до признанието, а во следните сезони ќе се обиде да го повтори успехот од оваа година и да го крене својот состав на уште повисоко ниво.

Наградата наречена Карлос Перез во претходните сезони ја добиле и:

2009/10: Герго Иванчик

2010/11: Дејан Периќ

2011/12: Габор Чазар

2012/13: Ласло Наѓ

2013/14: Момир Илиќ

2014/15: Момир Илиќ

2015/16: Арон Палмарсон

2016/17: Мате Лекаи

2017/18: Дејан Манасков