Уште една поранешна вардарка ќе и прави друштво на Ристовска во ЦСКА Москва

Македонската репрезентативка Сара Ристовска во новата сезона ќе биде дел од новиот проект во женскиот ракомет – ЦСКА Москва.

На десната крилна позиција во рускиот тим покрај Ристовска, ќе играат уште две ракометарки, а една од нив е позната и за македонската јавност, иако можеби малкумина ќе се сетат на неа.

Станува збор за Екатерина Љубјанаја, која беше меѓу првите ракометарки што дојде во „црвено-црниот“ тим откако Сергеј Самсоненко го презема финансирањето во женскиот тим.

Таа последните две сезони ги мина во шведскиот Боден, а сега се враќа во татковината и ќе го облече дресот на ЦСКА Москва.