Уште еден тим од Скопје си обезбеди Супер лига (ФОТОГАЛЕРИЈА)

После Металург 2 кој обезбеди директен пласман во Супер машката лига, денеска уште еден тим од Скопје си обезбеди место во најсилната лига. Работнички го совлада Прилеп во баражот со 38:30 и на тој начин стигна до место во најсилната лига каде што се враќа после две сезони.

Работнички дојде до баражот како второпласиран состав во Првата лигата, а на тој начин мораше да се соочи со претпоследниот тим во Супер лигата. Прилепчани, пак, и клучниот меч го играа со кадетскиот состав така што не можеа да се снајдат со поискусниот состав од Скопје.

Денеска во Неготино практично падна одлуката за последниот тим кој влезе во Супер лигата и тука веќе нема дилеми кои се екипите што следната сезона ќе играат во најсилната лига.