Условите фантастични, проектот шампионски: ЦСКА Москва ја презентираше салата „Игра“ (ВИДЕО)

На руската ракометна мапа пред извесно време, се роди нов проект – ЦСКА Москва, а иако за старт ќе има само три интернационалки, сепак, оваа екипа наликува многу на ЖРК Вардар, кој имаше слични амбиции на стартот.

Вардар во втората сезона откако Сергеј Самсоненко почна да го финансира тимот обезбеди место на Ф4 во Лигата на шампионите, па ова може да биде рецептот по кој работи и тимот од главниот град на Русија.

ЦСКА Москва, веќе во првата сезона сака да го сруши Ростов, а потоа да игра на завршниот турнир во најелитното натпреварување во женска конкуренција.

Во ЦСКА Москва, ќе настапува и репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, како и уште две странски ракометарки, голманката Чана Масон од Бразил и крилото Сабине Јакобсен од Шведска. Зад овој проект, покрај спонзорите, стои Министерството за одбрана на Русија и Министерот Тимур Иванов.

Во видеото во продолжение погледнете ги условите за работа кои ќе ги имаат ракометарките на ЦСКА Москва.