Урнебесно видео на Карачиќ и компанија (ВИДЕО)

По триумфот над светскиот првак Франција и обезбедување на место во квалификациите за Олимписките игри во Токио, полека но сигурно се врати и расположението во таборот на Хрватска.

За врема на паузата а во пресрет на утрешниот натпревар за петтата позиција против Шведска, хрватските репрезентативци направија мало шоу пред камерата на РТЛ.

Во улога на водител го имаме младиот Мандиќ, а како негови соговорници се појавуваат вардарецот Игор Карачиќ и пикерот Жељко Муса.

Доколку се сеќавате на популарното југословенско комично шоу “Топ листа надреалиста” ова видео дефинитивно ќе ве потсети на Ѓуро, Неле и екипата.

Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК