Унгарија станува привлечна за србинките

По многубројните трансфери на ракометарки од Србија во Унгарија, направени во минатата и во оваа сезона, унгарските клубови не запираат со ангажирање на ракометарки од Србија. Нова на трансфер листата во Унгарија е Сандра Филиповиќ ракометарка од Милениум. Филиповиќ потпиша договор на една година со унгарскиот клуб Веспрем. Според најавите раководството на клубот ќе ангажира и уште две странски засилувања од Црна Гора и Чешка.
Кризата која го зафати женскиот ракометен клуб Милениум, беше причина дел од ракометарките кариерата да ја продолжат во соседните земји.