Тунижанката Чебах во одлично издание

Тунижанката Муна Чебах го стартуваште францсукото првенство на одличен начин и по три одиграни кола таа се наоѓа на врвот на листата  на стрелци со просек од 10 погодоци по натпревар.

Иако пред старот на сезоната Нимс не беше меѓу фаворитите благодарение на прекрасната игра на тунижнката Нимс дојде до неколку импресивни победи со што нејзината екипа ја дели првата позиција со Флери.

Во последното коло Нимс забележа победа над Дижон со 29-27 и Чебах постигна 11 погодоци од 17 обиди а на теренот помина само 34 минути.