Тројца играчи уште се на листата во „болницата“ на Келце

Медицинскиот тим на Келце објави извештај за повредените играчи во клубот, а до почетокот на сезоната ниту еден од тројцата играчи кои се наоѓаат на листата на повредени, нема да биде подготвен за настап. Тие минатата сезона се соочуваа со многу повредени играчи, а и оваа сезона нема да ја почнат комплетни.

Тројцата повредени се Матеуш Јахлевски, Даниел Душебаев и Томаш Гембала. Левото крило Јахлевски во јули имаше операција на колкот и неговото закрепнување оди според планот. Тој би требало да се врати на терените во октомври.

Даниел Душебаев сè уште закрепнува од повредата на лигаментите на коленото и менискусот. Неговата операција беше во јануари и во следните месец и пол тој ќе работи на враќање на мускулатурата на повредената нога. Душебаев во септември ќе има повторно преглед по кој ќе се знае неговата состојба и датумот на враќање на тренинзите.

Томаш Гембала има пред себе најдолг период на заздравување од повредените. Ветеранот најверојатно во составот на Келце ќе може да се врати во втората половина од сезоната.