Трилер завршница во Бундеслигата: КИЛ е (старо) новиот шампион на Германија!

Во последното коло од германското ракометно првенство, Кил на изненадување на сите, го декласираше тимот на Фуксе Берлин со 14 голови разлика, 37-23. Рајн Некар Ловен до последното коло беше во предност пред „зебрите“.  со подобра гол разлика од + 7, но во последното коло на гостувањето во Гумерсбах победи со само пет голови предност, 35-40. Тоа беше доволно за  Кил да им го одземе првото место на „лавовите“ и да ја освои 19-та титула во Бундеслигата.  Доделувањето на медалите и пехарот е во тек.

DSC_0245
Со подобра гол разлика од +2, Кил ја одбрани титулата во Бундеслигата, и ги изненади фановите на Рајн Некар Ловен кои очекуваа предноста од +7 на едно коло пред крај на нивниот тим, да биде доволна за освојување на титулата.

Никој не остана рамнодушен на трилер завршницата од Бундеслига сезоната 2013/2014, во која одличниот тим од Мејнхаим, Рајн Некар Ловен заврши како втор заостанувајќи само два гола зад шампионот Кил. Единствена утеха на тимот на новиот дански селектор Гудмундсон останува директниот  пласман во Лигата на шампионите 2014/2015.

DSC_0078web
Спротивни реакции на социјалните профили на водечките тимови во Бундеслигата