Трајкоски за 24Ракомет ТВ: Вината за поразот ја бараме кај нас! (ВИДЕО)

Тимот на Еурофарм Работник загуби на премиерниот натпревар во Лигата на шампионите од португалскиот вицепрвак Спортинг Лисабон со 29-30. Голманот Благојче Трајкоски смета дека наивните грешки во целиот тек на мечот се пресудни за поразот.

„Направивме многу неискусни грешки за вакво натпреварување, Спортинг е искусна екипа, знае да казни и тоа беше клучно да загубиме. Вината ја бараме кај нас“, вели Трајкоски за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава на голманот погледнете ја во видео прилогот…