Трајковиќ: Докажуваме дека можеме да се натпреваруваме на повисоко ниво

Младинките на Македонија ги добија двете тест средби против Бугарија во пресрет на престојниот Европски шампионат. Мила Трајковиќ на првата средба со пет постигнати гола беше најдобар стрелец. Таа за 24 Ракомет ги истакна импресиите од победата и додаде дека нашата репрезентација има сили да се натпреварува и на повисоко ниво.

„Одигравме супер, треба да продолжиме со вакви средби за да докажеме дека можеме да се натпревауваме на повисоко ниво. Ќе продолжиме да тренираме напорно за да продолжиме со добрите резултати“, изјави левокрилната ракометарка.

Трајковиќ е задоволна од нашата добра игра, но сепак како и за сите така и за нашите постои простор за напредок.

„Задоволни сме со нашата игра, но мислам дека со труд и голема работа играта може да се подобри уште повеќе“, додаде крилото на Куманово.

Како што изјави Трајковиќ, тренерот на нашите патот кон успехот го гледа во добрата игра во одбраната па оттаму Македонија беше агресивна во одбраната и не им даваше лесни продори на Бугарките.

„Одбраната е секогаш клучот кон добивање на натпреварите. Со добра игра во одбраната можеме да постигнеме поволен резултат“, заврши Трајковиќ.

Сега останува репрезентацијата успешно да ги доврши тренинзите со цел нашите да добијат што е можмо поголема основа пред важните дуели на Европскиот шампионат.