Трансфер бомба: Сагосен го менува ПСЖ за Кил?!

Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен би можел да го напушти францускиот првак ПСЖ на крајот на следната сезона.

Според германските медиуми, тој би можел да се пресели во Кил по истекот на договорот со „светците“ во 2020 година.

Неговиот агент по завршувањето на Мундијалот во Германија и Данска, потврди дека ПСЖ сака да потпишат нов договор, но и дека има интерес од други клубови.

Дел од раководните луѓе на Кил, наводно веќе биле во Париз на преговори со Сагосен, но од клубот не ги потврдуваат овие шпекулации.

Доколку Сагосен дојде во Кил, би требало да биде замената за Домагој Дувњак, чиј договор истекува во 2020 година, а нема да му биде продолжен.