Трагедија во Полска: Млад талентиран ракометар загина во сообраќајна несреќа

Млад ракометар од Полска, кој беше репрезентативец на оваа земја го загуби својот живот во сообраќајна несреќа. Давид Јакубовски, кој загина на 18 години откако автомобилот во кој се наоѓал паднал во река.

Ракометарот на Пјотрковјанина починал на лице место. Несреќата се случила во градот Јацентов, а трагичната вест ја потврдија и од неговиот клуб. Според полицијата автомобилот од непозната причина излетал од патот и паднал во реката при што целиот бил под вода.

Давид Јакубовски учествуваше на Европското првенство за јуниори во 2018 година. Тој се сметаше за еден од најталентираните полски ракометари, а имаше и два настапи во Супер лигата на Полска од кои последниот против Келце.

Фото: konecki24.pl