Томовски му стави СТОП на капитенот на Германија (ВИДЕО)

Голманот Мартин Томовски имаше добро деби во дресот на Лудвигсхафен. На терен се најде во второто полувреме во кое собра три интервенции од кои две беа зицер ситуции.

Првата одбрана во Бундес лигата не беше против кој било, туку против капитенот на репрезентацијата на Германија, Уве Генсхајмер, кој се врати во редовите на Рајн Некар.

Кратко потоа го сопре и левиот бек од Данска, Менсах Ларсен со одбрана која сигурно ќе биде во конкуренција за првото место за одбрана на колото.

Во првиот настап Томовски остави одличен впечаток и со него сигурно Лудвигсхафен доби дополнителен квалитет на голманската позиција. Овие две одбрани имаат голема тежина бидејќи се забележани во моменти кога резултатот беше нерешен.