Томовски за 24Ракомет: Кога ќе добиеш шанса, треба да ја искористиш (ВИДЕО)

Македонија славеше малку потешко од очекувањата над Турција со 31-27 во првиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство, кое ќе се одржи за две години во Шведска, Норвешка и Австрија.

Голманот на Металург, Мартин Томовски доби шанса за настап од селекторот Раул во првиот дел и влезе да одбрани пенал. Тоа го направи успешно, а во второто полувреме бранеше десетина минути и собра уште две одбрани.

„Имавме премногу технички грешки, можеби ги потценивме. Турција не е слаба екипа, имаат искусни играчи. Се надевам во наредните мечеви ќе ги исправиме грешките и ќе славиме убедливо“, изјави Томовски за 24Ракомет.

Целосната изјава на голманот на Металург погледнете ја во видеото подолу…