Томислав Нуиќ: Тргнавме како „дизелаши“, па не возеа како сакаа (ВИДЕО)

Левото крило на Бешикташ, Томислав Нуиќ си својот тим ќе игра во борбата за 5. место на турнирот во Струга, а после ремито против Целје имаше свое видување за она што беше прикажано.

Тој не може да биде задоволен од прикажаното со оглед на тоа што не успеаја да победат иако беа во голема битка, а причините за ваквиот епилог ги најде во промените на играта односно на составот бидејќи секој меч го почнуваат во различен состав.

„На средбата против тимот кој игра најубав ракомет на Балканот ние тргнавме во изменет состав. И кога ќе тргнеме така потоа сме како дизелаши. Потоа Целје во првото полувреме едноставно не возеше како што сакаше. Сè што сакавме да направиме не ни успеваше“, коментираше за 24 Ракомет ракометарот на Бешикташ, Томислав Нуиќ

Комплетната изјава можете да ја проследите во видеото во продолжение.