Тешка група за хрватска Локомотива

Хрватската екипа Локомотива од Загреб се најде во тешка група во Лига на шампионите.

За прв пат во својата историја Локомотива Загреб ќе учествува во Лига на шампионите, откако ланската сезона не ги помина квалификациите во Будимпешта, оваа година Локомотива обезбеди дирекно учество како шампион на Хрватска.

Локомотива Загреб се најде во Групата Ц, заедно со европскиот шампион Ѓер Ауди ЕТО од Унгарија, поранешниот европски шампион и актуелен освојувач на КПК дански Виборг и екипата на Савехоф од Шведска.

Првото коло Локомотива ќе го одигра против Ѓер на гостински терен во Унгарија, а пред домашната публика својот прв официјален натпревар во Лига на шампионите ќе го има против екипата на Виборг од Данска.

Најголем  успех на Локомотива Загреб на европска сцена се двете финалиња во КПК во далечната 1995 година и 1997 година. Клубот освен ланските квалификации за влез во Лига на шампионите, исто така  во сезона 2004/05 беше дел од квалификациите за влез во најелитното европско натпреварување, но тој обид заврши неуспешно.

Се уште не е одредено во која спортска сала клубот ќе ги игра натпреварите во Лига на шампионите.