Талески со еден гол против Минден

Филип Талески постигна еден гол во победата од 37:22 на Рајн Некар против Минден. Тој имаше мала минутажа, но затоа успеа да погоди од единствениот шут на оваа средба која не беше никаков проблем да се добие.

Рајн Некар со ова стигна до втората победа во оваа сезона во која ја брани титулата која ја освојуваше во последните две сезони.