Талески најефикасен, Рајн Некар поразен во Барселона

Барселона го пречека Рајн Некар Левен во последното 14. коло од групната фаза во Лигата на шампиони. Составот на Чави Пасквал влезе многу сериозно во натпреварот и од почетокот даде до знаење дека гостинот нема никакви шанси во Блауграна. Рајн Некар беше поразен 30:25 во чиј состав настапи и Филип Талески.

Барселона започна фуриозно, со цврста одбрана и без грешки во нападот на што се придодаде и голманот Молер со неколку извонредни одбрани меѓу кои два зицери, а успеа да постигне и два гола. Рајн Некар играше конфузно без течни акции и со многу технички грешки што резултираше со постигнати само три гола за 15. минути игра. Во текот на првото полувреме Барселона имаше највисока предност од осум гола 12:4 која беше актуелна и по првите 30. минути, 20:12.

Во второто полувреме дојде до опуштање кај тимот на Барселона што гостите го искорисија на најдобар начин да ја намалат резултатската негатива и поразот дa го сведат на подносливи минус пет. Целосно враќање во игра на гостинот не дозволи голманот на каталонците кој имаше одлична вечер со 15. одбранети удари.

Филип Талески го започна натпреварот во првиот состав на левата бековска позиција и одлично отвори со два гола, но брзо беше заменет по само десет минути игра. Во продолжението постигна вкупно шест гола од дванаесет удари кон противничкиот гол и беше најефикасниот играч заедно со Колбахер со ист број погодоци. Во составот на Барселона најмногу погодоци постигна Ласе Андрсон, вкупно пет.

Барселона го освои првото место во групата А и се пласираше директно во четвртфинале, а Рајн Некар заврши на петото место во групата.