Талески за 24Ракомет ТВ: Ќе му покажеме на Лино дека не може да си игра со нас! (ВИДЕО)

Македонската ракометна репрезентација со победата над Бахреин очекувано стигна до својот втор триумф на СП во Данска и Германија. Еден од младите сили во македонскиот состав на ова СП е и ракометарот на Рајн Некар Левен, Филип Талевски кој не го криеше задоволството од одличниот старт. Сепак и тој е свесен дека финалето за Македонија ќе започне веќе од утре со натпреварот против Хрватска на кој ќе треба да се пружи и повеќе од максимум доколку се сака пласман на некое од првите три места во групата Б.
За Талевски ова ќе биде и директен дуел против својот поранешен клупски тренер Лино Червар, за кој најави дека тој и неговите колеги ќе му покажат дека не може да си игра со нив.Целосната изјава на Филип Талевски за 24Ракомет ТВ погледнете ја на видеото подоле.