Стружани му кажаа големо благодарам на Наумче Мојсовски

Навивачите на Струга, „Паткари“ дојдоа да им дадат поддршка на своите миленици на стартот од Струшкиот турнир.

Стружани играат со Железничар од Ниш, а ова е почеток на игрите на отвореното игралите на „Женска плажа“.

„Паткари“ дојдоа со транспарент и на него ја искажаа благодрноста кон претседателот на клубот, Наумче Мојсовски. Тие му се благодарни за она што го направи и што успеа да ја врати екипата во Супер лигата после неколку години играње во прволигашка конкуренција.

„Со години во Втора лига, фала ти Мојсо што сме дел од Супер лига“, стоеше на транспарентот со кој фановите го почна бодрењето на својот тим.

Како што е познато Струга како домашќин е редовен учесник на турнирот, а ова е одлична можност за одмерување на силите.