„Струга 2018“ ќе го покаже хуманиот карактер

Од 15 до 20 август покрај Охридското езеро ќе се одржи 46-то изадание на меѓународниот струшки турнир. Осум екипи, поделени во две групи ќе се натпреваруваат за титулата на ракометното игралиште во Струга. Оваа година ќе учествуваат атрактивни екипи предводени од словенечкиот шампион Целје, турскиот првак Бешикташ, силниот француски состав на Тулуз, а тука се Доброгеа Суд, Алингсас и Железничар. Македонија ќе ја претставува домаќинот Струга заедно со Е.Рабоник.

Билетите оваа сезона ќе бидат по симболична цена, а посетителите ќе може да изберат меѓу дневен билет од од 50 денари или блок-билет за целиот турнир по цена од 250 денари. Сите средства од влезниците ќе бидат донирани на Центар за дијализа во Струга.