Струга 2018: Втор ден покрај „Женска плажа“ за ракометните сладокусци

После убавиот прв ден на Струшкиот турнир денеска на отвореното игралиште на „Женска плажа“, ќе бидат видени уште три нови натпревари. Натпреварите и денеска ќе се играат на отвотено така што ќе има уште три нови средби на кои ќе има што да се се види.

Програмата стартува од 17:30 часот. Први на терен излагаат ракометарите на Бешикташ и Е. Работник. Немања Прибак со своите колеги од таборот на турскиот шампион ќе се најде на дуел против „фармацевтите“ од Битола и ова ќе биде навистина интересен натпревар за отворање на вториот ден на турнирот.

После ова следува дуелот меѓу Железничар и Алингсас. Тоа е единствениот дуел од другата група кој ќе биде одигран денеска. Тие се на терен од 19:15 часот, а доколку Вујо и момците дојдат до втора победа тогаш ќе имат убав збир на бодови пред утрешната пресметка против неговиот пријател Звонко Шундовски и Констанца утре.

Што се однесува до последниот дуел денеска, тој почнува од 21 часот. На терен се Целје и Тулуз. Ова ќе биде прв меч за Французите на турнирот, додека екипата на Целје после минималниот триумф над Е. Работник вчера денеска оди на втора победа.