Струга на готовс: Временските услови го активираат планот „Б“?

Откако натпреварите од првиот ден на 46. издание на Струшкиот турнир минаа без проблеми и беа одиграни на облачно време, се чини дека вториот ден нема да биде така едноставен.

Уште од утрово врне во Струга, а времето не е наклонето кон организаторот. Имаше засилен дожд во два наврати од по 15-20 минути што секако задава грижи, па постои голема веројатност натпреварите да бидат одиграни во сала.

И понатаму времето е променливо. Има дожд на моменти, но до 17:30 часот и првиот натпревар има уште време така што постои можност средбите да бидат одиграни на игралиштето на „Женска плажа“.

Затоа останува да се види како ќе биде времето во следните 2-3 часа, а резервна варијанта е салата „Тими“. Доколку дождот одлучи да продолжи тогаш натпреварите се селат во сала.