Стразбур домаќин на најсилниот подготвителен турнир во Европа

Со натпреварот меѓу Париз Сент Жермен и Ел Џаиш започна најсилниот подготвителен турнир во Европа, „Еуроторнаи 2014“.

Градот Стразбур наредните четири дена ќе биде домаќин на ПСЖ, Монпеље, Шамбери, Ел Џаиш, Киелце и Чековски Медведи.

1545548_178528292347138_8638920485658835981_n
Фото: facebook.com/eurotournoihandball

Во првичните планови на организаторот вклучени беа унгарскиот шампион Веспрем и романскиот првак Констанца, но Веспрем не беше во можност да го потврди учеството поради конфликт со распоредот во СЕХА лигата, а романците поради финансиска криза ги откажаа сите подготвителни гостувања оваа предсезона. Затоа нивното место го завземаа катарски Ел Џаиш, тимот кој го предводи бившиот селектор на Црна Гора, Зоран Кастратовиќ и тимот на рускиот шампион Чековски Медведи.

10408972_178546385678662_6912087230499992229_n
facebook.com/eurotournoihandball

Во првиот натпреварувачки ден доминираа француските екипи, на првиот натпревар ПСЖ покажа дека европскиот ракомет е далеку пред сите, декласирајќи ја екипата на Ел Џаиш со 37-25. Во вториот натпревар во францускиот дуел Монпеље ја совлада екипата на Шамбери со 29-23.

Денес на програмата се дуелите: (18:15 ч.) Ел Џаиш – Чековски Медведи и (20:30 ч.) Киелце-Шамбери.