Стоилов за 24Ракомет ТВ: Среќен сум што победивме на крај (ВИДЕО)

Во полуфиналето на завршниот турнир на СЕХА лигата, Вардар успеа да стигне до победа над домаќинот Мешков Брест со која обезбеди пласман во седмото финале на ова натпреварување.

Капитенот Столе Стоилов постигна седум погодоци од седум обиди и беше најдобар поединец во „црвено-црниот“ состав.

„Очекуваме доста тежок натпревар со цврста игра. Против Брест секогаш е тешко и среќен сум што победивме на крај“ истакна Стоилов во видео изјавата за 24ракомет.

Неговата целосна изјава е достапна во видеото во продолжение.