Стине Офтедал од Норвешка е најдобрата ракометарка на СП

Ракометарката на Норвешка, Стине Офтедал е прогласена за најдобра на Светското првенство. После сите игри демонстирани до финалето таа дојде до ова признание така што заслужено дојде до наградата со што се најде пред сите свои колешки.

Немаше да биде незаслужено и доколку Нора Морк добиеше награда за најдобра ракометарка со оглед на играта која што ја прикажа за време на целиот шампионат, но таа ќе се задоволи со место во најдобриот тим и со наградата за најдобар стрелец.

Пред мечот од финалето Морк има 59 гола, па дури после мечот против Франција ќе биде познато на која бројка ќе заврши.

ОЛ-СТАР ТИМ

ГОЛМАН: Катрин Лунде (Норвешка)

ЛЕВО КРИЛО: Сираба Дембеле (Франција)

ЛЕВ БЕК: Лоис Абинг (Холандија)

СРЕДЕН БЕК: Грејс Зади (Франција)

ДЕСЕН БЕК: Нора Морк (Норвешка)

ДЕСНО КРИЛО: Натали Хегман (Шведска)

ПИКЕР: Ивет Брох (Холандија)

МВП: Стине Офтедал (Норвешка)