Старт со реми за Роман и Андон Бошковски во Романија

Македонскиот стратег Андон Бошковски, кој од ова лето го презема кормилото на женскиот ракометен клуб Роман, стартуваше со реми во премиерното коло на романскиот шампионат.

Роман одигра 28:28 на гостувањето кај незгодната Униреа Слобозија. Во првиот дел домаќинките поведоа со 10:6, но избраничките на Бошковски, преку Ирина Глибко, која погоди четири пати во серија се вратија во мечот, па дури водеа и со 19:17 во вториот дел.

Сепак во финишот се играше гол за гол, па откако Роман поведе преку Попеску во 59 минута, на девет секунди до крајот и домаќинките погодија и се изборија за нерешени, 28:28.