Станковски: Нè изненади цврстата одбрана на Митјиланд

Вардарки одиграа бледо прво полувреме на возвратниот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, но го поправи впечатокот во вториот дел. Тренерот на Вардар Ацо Станковски истакна дека е задоволен од својот тим , но беше искрен дека не ја очекувале така добра игра на противникот во одбраната која им зададе проблеми во првото полувреме

Станковски: „ Митјиланд одиграа вечерва подобро од првиот меч. Им честитам на моите девојки иако одигравме слабо прво полувеме со многу технички грешки што не е својствено за екипа како нашата . Митјиланд одигра цврста одбрана и тоа не изненади на некој начин, но ние успеавме да се вратиме и да триумфираме на крај“