Среќен роденден!

Списокот на денешни славеници е со двајца ракометари на Кил, како и о еден на Кристијанштд и Татран.

Најдобриот ракометар на Австрија кој ги брани боите на „зебрите“, Никола Билик денеска полни 23 години.

Еден од главните дефанзивци во Чешка, кој исто така настапува за Кил, Павел Хорак го прославува својот 37. роденден.

И двајцата се дел од репрезентации кои ќе играат против Македонија во групната фаза на следното Европско првенство.

Роденден слави и Швеѓанецот Антон Хален. Тој е дел од Кристијанштад, а денеска ќе наполни 29 години.

Словакот Давид Михалка, кој ги брани боите на Татран Прешов, пак, денеска го прославува 23. роденден.

Среќен роденден Никола, Павел, Антон и Давид!