Според обложувалниците: Ѓер со најголеми шанси повторно да биде шампион, следува Будуќност, Вардар трет

Пред почетокот на Лигата на шампионите во женска конкуренција спортските обложувалници ги објавија предвидувањата кои се главните фаворити за европската титула во престојната сезона. Според нив и оваа година актуелниот шампион Ѓер е најголем фаворит со коефициент 2.20, на второто место е екипата на Будуќност со 3.90, а екипата на нашиот шампион Вардар се наоѓа на третата позиција со коегициен 5.00. Сепак ова се само предвидувања на обложувалниците кои не секогаш се во право.