„Со само три репрезентативки во ростерот не се станува клуб-репрезентација“

Репрезентативката на Русија и ракометарка на Ростов Дон, Ана Сен, во интервју за руските медиуми изјави дека не верува многу во проектот на ЦСКА Москва. Исто така таа не очекува дека новоформираниот тим ќе стане расдадник на играчи за репрезентациајта.

„За мене ракометарките во ЦСКА Москва не се нови, имам играно со сите. Тешко е еден тим во текот на летото да се формира, да се соберат играчи за наредната сезона да бидат во врвот. ЦСКА има добри ракометарки, но не можам да кажам дали составот е да освои титула. Погледнете го ЧСМ Букурешт, минатата сезона ги собра најдобрите играчи но не успеаја да стигнат ниту до завршниот турнир во Лигата на шампионите. И во шампионатот на Романија исто така завршија втори. Ќе видиме како ќе се покажат и што ќе се случува наредната сезона. Дефинитивно имаат добри ракометарки но останува да видиме дали можат да создадат добар тим за толку кратко време. Се сомневам дека ЦСКА може да стане клучен тим за репрезентацијата на Русија. На последното Европско првенство седум ракометарки од Ростов Дон беа во репрезентациајта. Има многу репрезентативки кои играат во Кубан. Не можам да кажам дека оние четири пет ракометарки кои отидоа во ЦСКА ќе направат база за играчи во репрезентацијата“, вели Сен.

Во ЦСКА Москва следната сезона ќе игра и македонската репрезентативка Сара Ристовска, која по една година мината во словенечкиот Крим ќе има нов интернационален предизвик.