Со Аргентина го почнаа, со Аргентина и ќе го завршат Мундијалот

Поразот од Португалија, ја однесе Македонија во битка за пласман, а направена е табела на поразените селекции од бодовите освоени во групната фаза против селекциите кои се најдоа во елиминациите.

Македонија е без бодови исто како и Словенија и Тунис, но има подобра гол разлика, па утре ќе игра за 13. позиција. Бројот на бодови ја постави на 6. позиција на табелата, а место погоре е Аргентина што значи дека Аргентинците се ривалот за овие елиминации и утре ќе има нова пресметка со селекцијата со која почна првенството.

За разлика од претходните средби утрешниот ќе почне порано. Средбата е закажана за 16:15 часот, а ќе биде одиграна во СЦ „Борис Трајковски“. Македонија има шанса за реванш за стартниот пораз на Мундијалот,а средбата е за 13. место.