Снимен спотот за официјалната песна на Лигата на шампионите ( ВИДЕО)

Пред самиот почеток на овогодинешното издание на Велукс ЕХФ Лигата на шампионите заврши и снимањето на спотот за официјалната песна на ЛШ “Do it like us” во интерпретација на британскиот пејач Роб Фaулер.Видеото е снимано во период од три дена ( 30 мај-1 јуни) за време на ВЕЛУКС ЕХФ Фајнл- фор турнирот во Келн. Покрај кадри од теренот на Ланксес арената во Келн, делови од спотот се снимени и во соблекувалните, a дел како ноќна фото сесија во празната арена.

Од денес, со самиот почеток на новата сезона во ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите песната “Do it like us” ќе биде пуштана во сите ракометни арени пред самиот почеток на натпреварите во ЛШ, за подигнување на атмосферата на уште повисоко ниво.