Словенците импресионирани: Вујо на цел глас ја пееше нивната химна (ВИДЕО)

Откако стана селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ во повеќе интервјуа и изјави им ветуваше на Словенците дека ќе ја научи химната и ќе ја пее на некој од следните репрезентативни натпревари. Тој момент се случи вчера во Марибор.

Во салата „Људски врт“ Словенија играше против Летонија во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство за две години во Шведска, Норвешка и Австрија, и победи убедливо со 27-21.

Во текот на најавата на мечот, Вујовиќ беше уловен од камерите како ја пее домашната химна, откако видеото се рашири на интернет, Словенците се полни со комплименти и позитивни коментари за црногорскиот стратег на социјалните мрежи.