Словенечкиот шампион пристигна: Целје се чекираше од Скопје (ФОТО)

Ракометарите на Целје кои ќе бидат дел од новото издание на Струшкиот турнир пристигнаа во Македонија и објавија селфи од Скопје. Тие се меѓу првите кои дојдоа за Струшкиот турнир кој стартува утре на отвореното игралиште на „Женска плажа“.

Целје е во група со тимовите на Тулуз, Бешикташ и Е. Работник, а тоа ќе биде навистина тешка група во која ќе бидат видени многу интересни натпревари.

Бранко Тамше има подмладен тим во однос на лани, а ќе биде интересно да се види како ќе функционираат ракометарите на теренот.