Скјерн после 19 години повторно се искачи на тронот во Данска! (ВИДЕО)

Ракометарите на Скјерн се нови шампиони на Данска, со што на најдобар можен начин ставија крај на фантастичната сезона.
По елиминацијата на Веспрем во осминафиналето на Лигата на шампионите и пласманот во четвртфиналето, Скјерн успеа по цели 19 години го освои и трофејот во домашното првенство.

Скјерн славеше над Бјерингбро на гости со 27-26, откако девет дена претходно ремизираше на домашен терен со истоимениот противник.
Ова е втора титула во Данска за ракометарите на Скјерн, откако првата ја освоија во далечната 1999 година.