Скандал во Романија: ЧСМ Букурешт обвини судии за примање на мито

Најдобриот тим од Романија, ЧСМ Букурешт имаше многу лош старт на сезоната откако претрпе пораз од 24:25 против Залау, но после натпреварот од редовите на тимот од Букурешт беше поднесена жалба до Ракометната федерација на Романија каде се бара прегледување на снимката и работата на судиите.

Според она што го објавуваат медиумите во Романија, судиите Јакуб и Сава кои ја делеа правдата на оваа средба можно е да примиле мито и затоа од ЧСМ Букурешт бараат дисквалификација на овие судии во период од најмалку една година.

Претставниците на ЧСМ Букурешт се жалат на тоа дека судиите различно ги толкувале ситуациите и дека имало одлуки на штета на клубот. Ракометарките на ЧСМ Букурешт за време на спорната средба добиле 18 минути исклучување спроти само две за Залау.

Од друга страна од ЧСМ Букурешт сметаат дека имало сериозно кршење на правилата во финишот. Во последните 30 секунди од играта имало ситуација за седум метри, но судиите не досудиле.