Сигурдсон “распали” по ИХФ

Левото крило на Барселона и на исландскиот национален тим Валур Сигурдсон, викендов ја освои светската клупска титула во Катар, но паралелно за германскиот весник “Фленсбург Авис” го искажа своето незадоволство за начинот на кој Германија ја доби вајлд картата и ќе биде учесник на СП во Катар 2015.

“Сите говорат како Германија имала среќа, дури и тие самите го знаат тоа, иако никој нема храброст да коментира ништо на таа тема”– вели Сугурдсон.

Само еден гол против Босна го делеше Исланд од директно учество на СП во Катар, и токму поради тоа Исланѓаните се разочарани бидејќи ја изгубија битката на теренот.

Сите ние сме свесни дека по наша вина не се пласиравме во Катар. Но уште од самиот почеток на квалификациите беше кристално јасно дека доколку некоја репрезентација од друг континент го откаже своето учество, местото ќе го завземе репрезентација од континентот на Светскиот шампион, а тоа е Европа. Во писмото кое ИХФ го прати на 16 јуни информираше дека токму Исланд ќе биде репрезентацијата која ќе го пополни испразнетото место”.

Но на крајот сепак Исланд извиси и Германија беше репрезентацијата која по одлука на ИХФ го обезбеди билетот за СП во Катар 2015. Сугурдсон потенцира дека со оваа своја изјава не сака да каже дека одлуката е погрешна, но тој е гневен на начинот на кој сето тоа е изведено.

“Треба да постои некој реален ранкинг според кој ќе се донесуваат вакви одлуки. Германија дури не ни учествуваше на последните две големи натпреварувања.”-категоричен е Сигурдсон.

Сигурсон продолжува:

“Исланд е мала земја и ние не сме доволно финансиски моќни за да имаме одредено влијание, а тоа ме прави посебно гневен. Но, ние нема да молчиме и ќе се бориме за нашите права.”

Исландското лево крило и член на Барселона е во право бидејки според ранкингот на ЕХФ кој се состои од изминатите три сезони, Исланд и Германија заедно имаат 240 поени.