Сигурдсон нов играч на Барселона!

Исландскиот репрезентативец и член на Кил, Валур Сигурдсон потпиша двегодишен договор со екипата на Барселона и во наредните две години ќе ги брани боите на каталонците. Сигурдсон доаѓа од екипата на Кил, а предходно има настапувано за екипите на Копенхаген, Рајн Некар Ловен, Гумерсбах, Есен како и во исландскиот шампионат.

сигурдсон лекарски прегледи
На медицинските тестови во Барселона

Во екипата на Барселона доаѓа на 34 годишна возраст, и се очекува добро да ја пополни позицијата на лево крило која остана испразнета по заминувањето на Хуанин Гарсија. Сигурсон има извонредна ракометна кариера која започна од Исланд, преку Германија, Данска, за на крајот да стави потпис за еден од најмоќните клубови на светот.

Што се однесува до титулите, со екипата на Кил има освоено 2 титули во германската бундеслига, една шампионска титула во Данска со екипата на Копенхаген, и еднаш беше шампион во родниот Исланд.
На репрезентативно ниво го освои сребрениот медал на Олимписите игри во Пекинг (2008 година), и бронза на Европското првенство во 2010 година. На “фајнл-фор” турнирите има учествувано 4 пати од 5 години колку што се одржува овој формат.

Гол машината од левата крилна позиција го освои второто место на најдобри стрелци на европското првенство во Данска 2014 година постигнувајќи 44 голови, беше најдобар стрелец во бундеслигата (2006 година) како и на Мундијалот во 2007 година.