Се што треба да знаете пред стартот на руското првенство

Оваа година стартот на руското првенство е закажан за 10 септември. Во оваа сезона десет клубови ќе се натпреваруваат за титулата, а екипата Ставрполје од Ставропол е нов учесник во најсилната руска лига.Првенството ќе започне со прелиминарна фаза во која ќе се играат натпревари на домашен и гостински терен и притоа секоја екипа ќе одигра вкупно 18 натпревари.

Во “плеј оф” ќе се пласираат најдобрите осум екипи од прелиминарната фаза додека во “плеј-аут” ќе играат последните две екипи и тие ќе се борат за опстанок во првенството. Датумите за главната фаза на првенството се закажани за крајот на март во 2015 година и победникот на дуелите ќе се добие по обезбедени 3 победи во максимум 5 одиграни натпревари.

Во продолжение прочитајте по некоја информација за најсилните екипи кои оваа година ќе се борат за титулата во првенството.


logodinamo Динамо СинараЕкипата од Волгоград  ја одбрани шампионската титула во измината сезона после трилер натпреварите со екипата на Лада. Актуелните шампиони оваа година претрпеа измени во составот и ќе настапат ослабени во новата сезона бидејќи дел од носителите на играта не се повеќе дел од тимот. Ксенија Макеева потпиша за романската Баја Маре, Валентина Гоначарова ја засили екипата на Астраханочка, Александра Степанова и Елена Авдекова продолжуваат во конкурентската екипа – Ростов Дон, бразликата Мајса Пессоа ќе биде нов играч на романскиот Букурешт, Пежо продолжува во француската Ница, додека Анна Кочетова со завршувањето на сезоната реши да стави крај на својата кариера.

Нови играчи во тимот се Екатерина Пече и Екатерина Фанина од Астраханочка, како и интернационалките Анита Гаче и тунижанката Асма Елгауи.

Иако ослабени, шампионките на Русија и оваа година ќе настапуваат во Лигата на шампионите каде што ќе играат во групата А заедно со Крим, Хипо како и екипата која ќе победи во првата квалификациска група.


Lada logo  Лада ТољатиПо успешната сезона и освојувањето на ЕХФ купот и вицешампионската титула, тољатинската екипа претрпе најмногу измени од историјата на постоењето на клубот. Веднаш по завршувањето на сезоната екипата ја напуштија украинските ракометарки, а останатите играчи кон средината на летниот период го најавија нивното напуштање на клубот. Притоа Черноиваненко и Ихнева го засилија нашиот шампион Вардар, Екатерина Илина потпиша за Ростов Дон, Олга Горшенина, Екатерина Смирнова и сестрите Викторија и Јана Жилинскајте во наредната сезона ќе ги бранат боите на Астраханочка. Екатерина Давиденко пак ја зголемува бројката на руски ракометарки кои потпишаа за романската Баја Маре, додека пак голманот Марија Басарб ќе настапува за Звезда. Искусната Надежда Муравјева – клучниот играч во одбраната најави повлекување од ракометните терени.

Во следната сезона Лада ќе користи дел од помладите играчи кои настапуваат за Лада-2 и младата Валерија Бараник се враќа во тимот. Сепак надежите на тољатинските фанови се сведуваат на враќањето на Ирина Близнова и тие веруваат дека токму таа ќе биде играчот кој ќе и помогне на екипата за успешен настап во престојната сезона и замешување во борбата за титулата.

Екипата од самарскиот крај на Русија ќе настапи во ЕХФ купот каде со подмладениот состав ќе има тешка задача за одбрана на титулата во второто по квалитет европско натпреварување.


 Ростов ДонПогледите на многумина во оваа сезона се насочени токму кон екипата која во составот го донесе првиот странски тренер во Русија. Данeцот Јан Лесли во новата сезона има одличен состав на располагање и токму неговото доаѓање се очекува да донесе многу новини во рускиот ракомет со што конечно Русија би се приклучила кон новите трендови кои ги практикуваат силните европски клубови. Еден од најјаките играчи во руската репрезентација – Екатерина Илина се очекува да биде носител на играта во новата сезона, Александра Степанова и Елена Авдекова од Динамо ќе помогнат во голем дел на пикерската и крилната позиција, додека како столб на одбраната се очекува да биде црногорската репрезентативка – Анѓела Булатовиќ и дополнително Анна Пунко од Кубан ќе придонесе за зголемување на стабилноста на екипата.

Од друга страна пак, Анна Сен замина во екипата на акутелните освојувачи на Лигата на шампионите – Ѓер, Кристина Елез се врати во Подравка, а Валерија Бараник во Лада.

Како и вицешампионките, третопласираната екипа ќе настапува во ЕХФ купот и тие ќе стартуваат во ова натпреварување во третата рунда и нивен противник ќе биде подобриот од дуелот Брухл (Швајцарија) – Баник Мост (Чешка)


logoЗвезда Звенигород
Единствената руска екипа која ја има освоено Лигата на Шампионите и актуелниот вицешампион во Купот на победниците на куповите во минатата сезона е екипата која доживеа најмалку измени во оваа сезона. Александар Ревва во новата сезона нема да може да смета на голманот Александра Петрухина, како и на Анастасија Лобач и Лилија Артјухович кои ја комлетираат бројката на руски играчи кои ќе настапуваат во екипата на Баја Маре. Младата и екстра талентирана Анна Вјахирева се приклучи во составот на Астраханочка каде што ќе настапува заедно со нејзината сестра Полина Кузнецова.Покрај искусната Марија Сидорова на голманската позција Ревва ќе ја има на располагање и Марија Басараб од Лада.

Големите руски имиња кои го носат дресот на овој клуб – Постнова, Сидорва Маренникова и Ускова веруваат во способностите на нивната екипа и нивната цел во оваа година ќе биде титулата во домашното првенство како и одбрана на титулата во рускиот куп.


АстраханочкаКако еден од најсериозните конкуренти за титулата се смета екипата од Астраханочка. Големиот број на трансфери во текот на летниот период ја сместија екипата на Кириленко високо во очекувањата на јавноста. Имено, токму оваа екипа најмногу профитираше од кризата која ја зафати Лада и во жестоката трансфер борба ова лето успеа да донесе дури четири играчи од Лада, две од Звезда (Вјахирева и Клименко), Илина од белорускиот Гомел и Ирина Никитина од Будуќност.

За жал централниот бек на Будуќност се стекна со повреда за време на подготовките на екипата и следните шест месеци ќе биде надвор од теренот.

Голем број на играчи ја напуштија екипата – Марина Ламбевска замина за Крим, Марија Јовановиќ го засили Иси Париз, Миранда Татари се врати во Подравка, Екатерина Веткова повторно потпиша за романска екипа, овој пат за екипата на Букурешт, Екатерина Пече и Екатерина Фанина го засилија составот на акутелните шампиони Динамо, додека Елена Ериќ и Санела Кнезовиќ ги завршија ракометните кариери.

Покрај домашното првенство и оваа екипа ќе настапи во ЕХФ купот.


Kuban   КубанПоследната руска екипа која ќе настапува во Купот на победници на куповите е Кубан од Краснодар. Екипата која е преводена од селекторот на руската репрезентација – Евгениј Трефилов во никој случај не е за потценување, но факт е дека играчкиот состав на екипата е послаб во однос на останатите противници, сепак Кубан ќе се обиде во следната сезона да им ги помати сметки на останатите конкуренти во првенството.