Се бара наследник за Хаубергер: Швалб, Врањеш или Сигурдсон?

По лошите игри во последните неколку години, машката сениорска репрезентација на Германија остана без пласман на Светското првенство 2015 и без селектор. Договорот на селекторот, Мартин Хаубергер со германската ракометна федерација истече по овој неуспешен бараж двомеч со Полска. Хаубергер беше назначен на кормилото на Германија во 2011, а во својот четири годишен мандат успеа да го освои петтото место на Светското првенство во Шпанија 2013. Сепак овој успех беше засенет со елиминациите во квалификациската фаза за Европското првенство 2014 и сега на квалификацискиот бараж дуели за Светското првенство во Катар 2015.
Во потрага по човек кој ќе го врати стариот сјај и почит кој го уживаше Германија, ракометната федерација ќе го назначи новиот селектор во наредните денови. Како најсилен кандидат се споменува името на тренерот на веќе распаднатиот тим на Хамбург, Мартин Швалб, кој во 2013 година со својот тим ја освои Лигата на шампиони. Покрај него за селекторското столче исто така ќе конкурираат Дагур Сигурдсон од екипата на Фуксе Берлин и легендата на Лемго и еден од најуспешните германски ракометари, Маркус Баур.
По продолжувањето на договорот на Љубомир Брањеш со екипата на Фленсбург и тој се споменува како можен наследник на клупата на германската репрезентација.