СЕХА лига: Словенските клубови сепак нема да бидат дел од Сеха лигата наредната сезона!

Иако пред 2 недели стигна официјална потврда од словенските клубови дека од оваа сезона ќе бидат дел од Сеха лигата, се случи неочекуван пресврт по што словенската ракометна федерација излезе со најново соопштение преку кое го откажува учеството на своите клубови во Сеха.

Како што информира словенската ракометна федерација дошло до промени во дел од условите кои претходно биле договорени, па така котизацијата која клубовите треба да ја платат за учеството во наредните две години изнесува 300 000 евра или 150 000 евра по сезона, што е неприфатливо за словенците.

Одговорот на раководството на Сеха лигата е дециден, и доколку некој нема да ја плати таа котизација нема ни да настапува во самата лига.

Горан Цвијиќ ( Генерален секретар на словенската ракометна федерација):

Раководството на СЕХА-лигата ни одговори дека не прифаќа спогодба каква што понудија нашите клубови и затоа словенечките клубови нема да бидат дел од СЕХА во следната сезона. Сумата од 300.000 евра по клуб за вкупно две сезони е преголема. Причината за ваквиот развој на настаните е исклучително од финансиска природа, откако раководството на СЕХА-лигата во последен момент ги смени услови кои беа претходно договорени