Сеха лигата добива на квалитет

Најавите дека Сеха лигата ќе биде засилена со приклучување на клубови од Унгарија и Словенија полека стануваат вистина. Вчера и официјално словенските клубови Целје Пивоварна Лашко и Горење Велење го потврдија своето учество во лигата со што можеме да констатираме дека Сеха лигата од наредната година добива на квалитет. Словенците се надеваат дека и нивниот трет претставник Марибор браник ќе успее да влезе во ова натпреварување но за тоа треба да се почека за официјален одговор.

Што се однесува до Унгарските тимови кај кои исто така имаше интерес за приклучување во Сеха Лигата најверојатно се помали се шансите за нивен влез. Останува да почекаме и официјално соопштение по кое и дефинитивно ќе се знае дали Сехата лигата прераснува во една од најсилните лиги на светот.