Сестрите Бонавентура повторно во акција: Ќе судат Европско првенство, а прават “пацерски” грешки (ВИДЕО)

На Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска меѓу арбитрите се најде и женската судиска двојка од Франција, Шарлот и Жули Бонавентура. „Омилените“ судии за многу тимови меѓу кои е и Вардар (женскиот тим) од натпреварите на Ф4 турнирите во Будимпешта ќе делат правда на голем шампионат, а уште на стартот од сезоната во првенството на Франција покажаа дека имаат проблеми со основните правила.

Во момент кога беше истечено времето и беше досуден удар од девет метри, сосема јасно е дека изведувачот не смее да мрда со едната нога. Во ситуацијата изведувачот не само што ја помести ногата туку и отскокна. Ова го видоа сите на трибините на мечот Иври-Ним освен сестрите Бонавентура. За судии кои се доста форсирани и кои се сметани како едни од најдобрите во светот ова е грешка рамна на катастрофа. Погледнете!