Сениорите ги „запалија“ моторите, тргнаа силно кон Турција и Грција (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите кои се дел од репрезентацијата на Македонија тргнаа со подготовките за квалификациските дуели против Турција и Грција. Тие после денешниот собир го одржаа и првиот тренинг. Иако некомплетни поради доцнењето на дел од играчите поради клупски обврски, сепак, на тренингот имаа поддршка и од дел од играчите кои не се појавија на прозивката.

Стоилов, Кузмановски… беа на тренингот и работеа, додека Дејан Манасков дојде да ги посети своите колеги, но како што веќе е познато нема да може да им помогне поради повреда.

Првиот натпревар ќе се одигра в среда во Турција од 18 часот, а со Грција средбата е во Струмица следната недела исто така со почеток во 18 часот.