Сензација во Келн: Фленсбург нов владетел во Европа

Фленсбург 30-28 Кил (14-16)

По почетните 4-1 за екипата на Кил, германскиот шампион сакаше да го повтори натпреварот од пред неполн месец во првенството, кога го декласираше Фленсбург.
Но избраниците на Љубомир Врањеш во првото германско финале во “фајнал фор” историјата на Лигата на шампионите ја запишаа својата четврта европска титула, овој пат најсјајната.
10403787_10152292736263666_2706921557707769439_o
Фото: www.facebook.com/ehf.champions.league

Во почетните минути од натпреварот, Фленсбург можеше само немоќно да ги следи разорните удари на Вујин и Палмерсон, а на спротивната страна Могесен, Вајнхол и Сван Хансен не можеа да го пронајдат патот до голот на Сјостранд, покрај одличната 6-0 одбрана на германскиот шампион. Во 12-та минута Кил беше во водство 8-3, но Сван Хансен со два брзи голови го врати Фленсбург на три разлика 8-5. Сепак, трите исклучувања во тој дел од натпреварот Кил умешно ги искористи и со нови три голови го имаше најголемото водство од 5-11.  Неколку добри одбрани на Андерсон не дозволија Кил предвреме да започне со прослава на титулата, затоа по 30 одиграни минути Фленсбург се доближи на само два гола разлика зад Кил, на 14-16.

10382770_10152291161073666_7391583901436190632_n
Фото: www.facebook.com/ehf.champions.league

Гландорф го отвори второто полувреме, за само еден гол заостаток зад Кил. Во најнеизвесниот дел од големото финале во почетните минути од првиот дел со „run & gun“( н.з. „ран анд ган“) игра, која може да се опише како конфузна, со многу неизнудени грешки, најдобро се снајде Фленсбург. Во 37-та минута, Могесен изедначи на 19-19, а со одличен цепелин, Егерт на асистенција на Ласе Сван го носи првото водство на Фленсбург од 20-19, кое во 16-тата минута Могесен го претвори во највисоки четири гола разлика 25-21.

10295320_10152291216328666_5753831245270125632_o
Фото: www.facebook.com/ehf.champions.league

Големиот Кил го подигна нивото и ја искористи свежината на Жалуз, за намалување на водството на само два гола разлика во 52 минута. Во 56-тата минута по тајмаутот на Гисласон, Марко Вујин намали на само еден гол 29-28, но тоа беше се што можеше Кил да направи во ова финале. Андерсон со 22 одбрани е човекот најзаслужен за првиот и најсјајниот европски трофеј на Фленсбург.

10428215_10152291332273666_3932196746440848919_o
Фото: www.facebook.com/ehf.champions.league

Најпрецизени на овој натпревар беа Егерт и Сван со 7 постигнати голови.
Натпреварот го судеше данската судиска двојка Мадс Хансен/Гјединг Мартин, најдобриот судиски пар во светот во моментот.