Селекторот Червар: Ако има срце на терен, страст и желба за победа тогаш секој противник можеме да го добиеме!

На првиот собир на машката ракометна репрезентација, селекторот Червар истакна дека ќе недостасуваат двајцата ветерани во националниот состав, но мора да започнат да ја градат играта без нив.

„Ќе играме на СП во Франција, но нашата цел е секогаш да бидеме присутни на големите натпреварувања, па така е и со ЕП во Хрватска. Сега имаме нова задача, но нема да ни биде лесно без двата столба на националниот тим, Мојсовски и Миркуловски. Ќе направиме сè да се пласираме на ЕП, сигурно би имало голем број на навивачи поради близината. Ќе дадеме се од себе да ја исполниме задачата и да одиграме добро против Украина и Чешка. Сега размислуваме најпрво за Украина. Ќе барам од играчите да се сконцентрираме сто посто и да секој од нив презеде одговорност. Ја користам приликата да ја повикам и публиката да не бодри на новиот пат кон ЕП. Украина ја почитувам, доволно ја анализиравме, и се надевам на победа “  

Македонскиот селектор истакна дека репрезентацијата не е затворен круг и дека ќе даде можност и на други играчи да бидат дел од натпреварите што следуваат, а за престојните дуели најави беспоштедна борба и срце на терен.

„ Нашата репрезентација е комбинација е од играчите кои ја носат играта последните неколу години и некоку млади играчи. Овој национален тим не е затворен круг и тоа значи дека некои игачи што ги нема сега на списокот дека нема да бидат повикани за СП во Франција. Ќе се обидеме да ги одбереме најдобрите 16 ракометари, кои нема да ја изневерат јавноста и ќе донесат победа над Украина. Тоа е една сериозна репрезентација, а ние треба да се бориме за секоја топка. Ако има срце на терен, страст, и желба за победа тогаш секој противник можеме да го добиеме, но сепак тоа нема да биде лесна задача “ – изјави селекторот Червар.