Селекторот на Украина го објави конечниот список и истакна: Во тимскиот спорт често одлучува желбата, мотивот и борбеноста наспроти квалитетот!

Националниот состав на Украина го доби својот конечен облик за дуелите против Македонија и Исланд во рамките на квалификацискиот циклус за Европското првенство во Хрватска 2018. Селекторот Андронов имаше мали проблеми со повредите на неколку клучни ракометари, но и отсуството на најискусните кои објавија крај на репрезентативната кариера. Затоа тој се одлучи меѓу 18-те ракометари да вклучи помлади ракометари, а дел од нив репрезентативци во младинските категории.
Првиот собир на украинската репрезентација е на 27 октомври во олимпискиот тренинг центар во Киев. По состанокот и одржаниот тренинг, стручниот штаб ќе ги одреди 16-те репрезентативци кои ќе патуваат за Македонија на први ноември.
Украина е во група 4 заедно со Македонија, Исланд и Чешка и ќе има тешка задача да се избори за повисока позиција на табелата. Само првите две репрезентации од секоја група обезбедуваат настап на континенталниот собир во 2018 година.

Виталиј Андронов, селектор на Украина:

Ние ќе се бориме за излез од групата и пласман на ЕП 2016. Имаме силна група, сепак, се надевам дека ќе почнеме со позитивни емоции. Како и секогаш, има повреди. Нема да настапи Кубакт, кој има проблеми со коленото и мора да подлежи на терапија. Веќе подолго Шевелов е повреден. Затоа доби повик младиот Гурин. Тој е практично од младинскиот тим, ајде да видиме како тоа ќе се снајде на ниво на сениорите. Поединечно може да му се даде предност на противникот, но кај тимскиот спорт често одлучува желбата, мотивот и борбеноста наспроти квалитетот. Ние ќе се бориме за поволен резултат.

Во списокот на селекторот Андронов имаше место за следниве ракометари:

 Голмани Клуб Дата на раѓање Висина / Тежина Позиција
Антон Деревјанкин ЗТР 21.06.91 191/91 Голман
Вадим Бражник Татран Прешов (Словачка) 25.02.75 201/98 Голман
Игор Чуприна Татран Прешов (Словачка) 25.04.90 200/88 Голман

Лево крило

Захар Денисов Мотор 01.03.90 186/82 Лево крило
Игор Копишински РК Драгунас (Литванија) 26.02.91 181/80 Лево крило

 

Десно крило

Андреј Акименко ЗТР 12.06.94 188/71 Десно крило
Артем Козакевич Мотор 02.10.92 180/75 Десно крило

 

Лев бек

Станислав Жуков Мотор 26.03.92 194/88 Лев бек
Вјачеслав Садовиј Татран Прешов (Словачка) 11.07.90 195/88 Лев бек
Игор Гурин ЦСКА 19.07.98 196/87 Десен бек

 

Десен бек

Роман Чичикало Ваци КСЕ (Унгарија) 07.03.92 185/87 Десен бек
Еуген Буиненко Мотор 20.09.92 205/112 Десен бек
Максим Бегал   26.04.90 185/85 Десен бек

 

Централен бек

Александер Тиелте ЗТР 10.04.95 195/73 Централен бек
Александер Јузбабенко Радован Јибо СК (Турција) 26.04.89 188/85 Централен бек

 

Пивот

Роман Северин ЗТР 05.05.94 196/90 Пивот
Дмитри Дорошчук Мотор 29.09.86 200/97 Пивот
Дмитри Тутиник ЦСКА 07/03/93 197/93 Пивот

 

Витали Андров – селектор

Александер Дудко -тренер

Александер Фурманец – доктор

Иван Хорват – физиотерапевт

Еуген Петрушевски – директор