Селекторот на Грците убеден дека можат до два бода против Македонија

Репрезентацијата на Грција која е следен противник на Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година стартуваше со пораз откако на гостувањето кај Исланд загуби со 21:35. Сепак, тие не се загрижени многу од овој резултат бидејќи во прв план им е ставен мечот против Македонија.

Ова го потврдува и селекторот Јанис Арванитис, кој во коментарите за првата средба даде место и за Македонија.

„Имавме добро прво полувреме против Исланд, но во второто полувреме во обид да дојдеме до подобар резулат игравме брзо и правевме грешки. Тоа на крајот беше причина за висок пораз. Се соочивме со проблеми и не можевме да одиграме комплетни, па тоа се одрази на нашата одбрана. Сепак, во центарот на нашето внимание е средбата против Македонија в недела во Кожани. Во оваа седмица овој дуел ни е во прв план и целиот фокус е ставен на добар резултат на тој натпревар“, коментира селекторот на Грција, Јанис Арванитис.

Средбата меѓу Грција и Македонија се игра в недела од 16 часот во салата во спортскиот центар „Левковриси“.